Најмалку 10 мртви, меѓу кои 6 деца, во израелски напад врз јужен Либан

Од:

Најмалку десет лица, меѓу кои шест деца, беа убиени, а повеќе од 20 беа ранети во израелските напади врз јужен Либан.

Според либанската државна новинска агенција ННА, шест лица беа убиени во градот Арабсалим, меѓу кои три деца, а 12 лица беа ранети. Едно дете беше убиено, а пет лица беа ранети во градот Харуф, додека три лица беа убиени, меѓу кои две деца, а едно лице беше рането во нападот врз Румин.

Едно дете беше убиено, а девет лица беа ранети во нападот врз градот Зебкин. Либанското Министерство за здравство претходно објави дека речиси 380 лица се убиени од почетокот на прекинот на огнот на 17 април.

Иако прекинот на огнот формално е во сила, наводно борбите не стивнуваат во јужен Либан. Израел продолжува со секојдневните напади, додека Хезболах одговара со напади врз израелските сили на терен.

Би можело да ве интересира

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште е можна

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

„Џерузалем пост“: Арапските партии ја поддржаа опозицијата по изборите

Нетанјаху ја губи поддршката од долгогодишните сојузници, патот до мандат се отвора за Ајзенкот

Израел тврди дека Иран планира напади со хемиско оружје

А1он