Јаневска: По случајот со повредениот ученик ќе следат законски измени

Од:

Министерката за образование и наука Весна Јаневска во врска со последниот случај со физичко насилство во основното улилиште „25 Мај“ во Ченто каде беше прободен со остар предмет 15-годишен ученик, апелира до родителите да посветат внимание на своите деца. Вели државата ќе стори се што е во нејзина надлежност, но важна алка се и родителите во целиот процес.

– Ладното оружје децата не го наоѓаат во училиште, ладното оружје го наоѓаат надвор. Оттука, неопходна е соработка со сите сектори кои се засегнати, но ги повикувам и молам родителите да посветат внимание на своите деца. Целата држава што и да направи, ако не се вклучат родителите, не може да постигнеме успех – изјави денеска Јаневска на прес-конференцијата во Министерството за образование посветена на Онлајн водичот за квалификации.

Министерката најави измени во Законот за основно образование со кои ќе се предвиди казна за родителот чие дете има насилно однесување во училиште.

– Во моментот разговараме со пратениците за да се формулира таа измена во законот, рече Јаневска.

Исто така, министерката останува на ставот дека треба да бидат лиценцирани и улилишните психолози и дека е потребна едукација и на наставниците за да ги забележат ваквите насилни однесувања.

– Постои закон во кој се вели дека секој психолог треба да е лиценциран. Тој закон не е влезен во имплементација. Веќе кажав дека ќе побарам да се лиценцираат и училишните психолози кои треба да направат стручни тимови и да работат со децата и со родителите и со наставниците во препознавање на тоа што се случува во училиштето, рече Јаневска.

Вели дека се додека има потреба и реалноста го покажува тоа, ќе се прават законски измени се со цел да се воспостави сигурна ученичка средина.

Би можело да ве интересира

Јаневска за случајот со Дарко Василевски: МОН нема ингеренции за вработување специјалисти на Медицински факултет, ДПИ ќе постапува ако се работи за избор во звање

Левица: Кого прави будала Јаневска?

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска до Јаневска: Затворивте 26 училишта – дали сè уште планирате да станат старски домови?

ХЕРА до Министерството за образование: Ќе ги тргнете часовите, но не и силувањата, уцените, ХИВ и раните бремености

A1on

Јаневска: Изборниот предмет Сеопфатно сексуално образование го повлекуваме и ќе направиме длабока ревизија по барање на јавноста

Јаневска за затворањето училишта: Ова се болни реформи, но во моментов сме во критична ситуација