Светот се соочува со глад ако Ормутскиот теснец не се отвори итно, предуредија Обединетите нации

Од:

Работната група на ОН предупреди дека светот се соочува со масовна криза со глад доколку Ормутскиот теснец наскоро не се отвори за сообраќај. Според нивните проценки, околу 45 милиони луѓе би можеле да умрат од глад поради недостаток на ѓубрива чии патишта во моментов се блокирани.

Мореира да Силва, извршен директор на Канцеларијата на ОН за проектни услуги (UNOPS), истакна дека една третина од светските залихи на ѓубрива, вклучувајќи амонијак, сулфур и уреа, нормално минуваат низ теснецот.

„Ни остануваат уште неколку недели за да спречиме она што веројатно ќе стане масовна хуманитарна криза“, изјави да Силва за АФП. Проблемот лежи првенствено во времето на земјоделското производство. „Сезоната на садење не може да чека“, предупреди да Силва, истакнувајќи дека во некои африкански земји овие рокови истекуваат само за неколку недели.

Покрај Африка, блокадата особено силно ќе ја погоди и безбедноста на храната во Азија. Експертите предупредуваат дека е само прашање на време кога кризата ќе се прошири. „Ако наскоро не ја спречиме причината за кризата, ќе мора да се справиме со последиците исклучиво преку хуманитарна помош“, заклучи да Силва.

Работната група на ОН вели дека отворањето на теснецот е клучно за стабилизирање на глобалниот пазар на храна, бидејќи недостатокот на ѓубрива во оваа фаза од земјоделскиот циклус би можел да има долгорочни последици врз приносите низ целиот свет.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп ги губи нервите, враќањето во војна е сè поверојатно, анализира CNN

Катерина Ѓуровски

Иран им се закани на Велика Британија и Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нестабилно примирје, Револуцинерната гарда се заканува – блокадата на Ормутскиот теснец ја продлабочува светската криза

Иранците „слават победа“

Катерина Ѓуровски

Иран откри „нова равенка“ за Ормутскиот теснец: Го нарече суверено управување

ВИДЕО: За Кина американско-израелската војна против Иран е „нелегитимна“

Катерина Ѓуровски