Новата министерка за надворешни работи на Бугарија е креаторот на „Францускиот предлог“

Од:

Новата министерка за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова – Чамова игра клучна улога во воспоставувањето на преговарачката рамка предложена од француското претседателство со Советот на ЕУ во јуни 2022 година, што му го отвори патот на Скопјe кон членство во ЕУ – објави агенцијата БГНЕС.

Петрова – Чамова како заменик-министерка за надворешни работи во кабинетот на екс премиерот Кирил Петков учествуваше во сите подготвителни преговори, појаснувања и подготовка на финална верзија на таканаречениот „Француски предлог“, кој ги премести билатералните спорови на европско ниво.

Во тоа време, самиот Петков јавно призна дека не го прочитал документот и дека целосно им верува на експертите во бугарското Министерство за надворешни работи.

„Според постигнатиот договор, кој беше ратификуван од двата парламента, РСМ се обврза да ги вклучи Бугарите во својот основен закон на рамноправна основа со другите нации. Скопје мора да го спроведе Договорот за добрососедство од 2017 година, кој е дел од процесот на мониторинг на ЕУ. Бугарија го признава постоењето на современ македонски јазик како што е формулиран во уставот на РСМ. Во исто време, властите во Скопје се должни да стават крај на говорот на омраза, како и да ги декласифицираат досиејата на злокобните служби од времето на југословенскиот диктатор Јосип Броз Тито“, цитираат од БГНЕС.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт

Радев најави мерки против инфлацијата и контрола на цените во Бугарија

Горан Наумовски

Филипче: Македонскиот јазик не е загорезен, Мицкоски прдолжува со лажната одбрана на идентитетот

Мицкоски: Бугарскиот наратив кон Македонија нема да се промени

Автобуска несреќа во Бугарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот