(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет

Од:

Христијан Мицкоски и ВМРО-OKГ продолжуваат да лажат дека вметнувањето на малцинствата во Уставот го загрозувало македонскиот идентитет. Ова е чиста манипулација, изјави Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ на денешната прес-конференција. Вистината е спротивна. Вклучувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет, а не го слабее. Кога сите граѓани, без разлика на етничка припадност, се дефинирани и заштитени со највисокиот правен акт на државата, тоа ја зголемува кохезијата на општеството и ја зацврстува македонската државност. На пример нашите сограѓани Србите, кои се значително повеќе во Македонија од Бугарите и Хрватите, според последниот попис, исто така не претставуваат никаков проблем за идентитетот, изјави Богданка Кузеска од СДСМ.

– Зошто ВМРО-ОКГ не се плаши од нив, а се плаши од Бугарите, на кои според пописот се само 3.504? Одговорот е јасен: не се во прашање малцинствата, туку намерната блокада на ЕУ интеграциите. Ако се внесат Бугарите, Хрватите или други малцинства во Уставот, како тоа го слабее македонскиот идентитет? Напротив – го зајакнува. Зашто сите тие граѓани се македонски државјани, а малцинскиот статус е само дополнителна заштита на нивните колективни права. Македонскиот народ останува конститутивен и доминантен народ во својата држава. Отворањето на вратата кон Европската Унија истовремено значи отворање на вратата за Европското јавно обвинителство. А токму тоа Мицкоски и неговата криминална група најмногу го стравуваат.

Нема повеќе наместени тендери, а следи и одговорност пред институциите на правдата. Затоа и ја блокираат уставната измена. Сè останато – „загрозен идентитет“, „бугарска опасност“ и слично – е чиста лага и изговор за да ја заштитат својата криминална мрежа, неказнивоста и можноста за продолжен грабеж на државата. Мицкоски не се бори за македонскиот идентитет. Тој се бори за својата безбедност и безбедноста на својата криминална група. СДСМ јасно порачува: Силен македонски идентитет во силна европска Македонија! Правда, а не заштита на криминалците. Европска Македонија или криминална изолација – изборот е јасен, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан