Зеленски: Русија продолжува со напади и покрај примирјето

Од:

Доколку Русите одлучат да се вратат во целосна војна по истекот на договореното примирје, Украина ќе реагира на сличен начин, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Добро е што досега немаше масовни напади – ракетни напади, воздушни напади. Но, немаше мир во областите на фронтот, во населбите во близина на фронтот. Русите продолжуваат со нападите во оние области што се клучни за нив. Има гранатирање, имаше напади со беспилотни летала од различни видови на фронтот. Вчера и денес имаше повеќе од 150 напади, повеќе од сто гранатирање и речиси десет илјади камикази напади со беспилотни летала, рече Зеленски во видео обраќање, објави Укринформ.

Тој додаде дека во текот на изминатите два дена Украина се воздржала од долгорочни акции како одговор на отсуството на масовни руски напади.

„Во иднина, Украина ќе реагира на ист начин, доколку Русите одлучат да се вратат во целосна војна, нашите казнени мерки за ова ќе бидат непосредни и опипливи“, нагласи Зеленски.

Според Киев, руската војска ги нападнала позициите на украинските одбранбени сили 60 пати во текот на изминатиот ден, при што поголемиот дел од борбите се одвивале во насоката Покровское. Руското Министерство за одбрана вчера тврдеше дека имало 16.071 прекршување на прекинот на огнот од страна на украинските вооружени сили.

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот објави дека на негово барање е договорено тридневно примирје од 9 до 11 мај во војната меѓу Русија и Украина, што подоцна го потврдија властите во Киев и Москва.

Според договорот, прекинот на огнот вклучува прекин на сите воени активности, како и размена на 1.000 затвореници од секоја земја. Помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков објави дека нема договор за продолжување на тридневното примирје меѓу Русија и Украина.

Би можело да ве интересира

Претстои нова рунда преговори за завршувањето на војната во Украина, потврди Москва

A1on

Рубио: САД нема да дозволат непријателски бази на 145 километри од нивниот брег

Киев ќе купи ракети „Патриот“ за 3,2 милијарди евра

Четири лица, меѓу кои и едно дете се убиени во Новоросијск

Бесент: Обновата на Украина ќе биде огромен проект, сличен на повоената обнова на Германија

Мерц: Обидот за напад со дрон во Лајпциг е подготвуван со месеци во Русија

Горан Наумовски