Речиси 50 милиони потписи собрани за Мбапе да си оди од Реал Мадрид

Од:

Онлајн петицијата „Embape out“ предизвика големо внимание кај навивачите на Реал Мадрид, бидејќи бројот на потписи скокна од околу 12 на речиси 50 милиони за само еден ден.

Иницијаторите ги повикуваат Мадридистите да „го кренат гласот“ ако сметаат дека на клубот му се потребни промени.

Иако Килијан Мбапе има одличен настап од 44 гола во своето деби и 41 во својата втора сезона, некои навивачи веруваат дека играта на Реал со него станува премногу предвидлива.

Критиките се однесуваат на послабата соработка со Винисиус Жуниор и помалиот придонес во одбраната.

Дополнителни контроверзии предизвикаа послабите резултати на тимот по неговото враќање од репрезентативната пауза, како и наводите за тензии во соблекувалната.

Мбапе, кој има договор со Реал до 2029 година, моментално е под голем притисок од јавноста.

Би можело да ве интересира

На Чуамени и Валверде им се заканува суспензија до 20 натпревари

А1он

Селекторот на Аргентина кандидат за нов тренер на Реал Мадрид

А1он

(ВИДЕО) Лути навивачи на Реал Мадрид ги навредуваа играчите: Срам да ви е!

А1он

Секогаш кога Италија нема да се пласира на Мундијал, Реал Мадрид освојува титула во Лига на шампиони

А1он

Реал во проблем пред реваншот против Сити

Предраг Петровиќ

Реал подготвува 160 милиони евра за ѕвездата на Баерн

А1он