Телохранителот на Мицкоски ја давел сопругата пред очите на малолетната ќерка

Од:

Против еден од телохранителите на премиерот Христијан Мицкоски, кој беше пријавен за семејно насилство е поднесен обвинителен предлог.

-Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, по спроведена постапка, денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда – информираа денеска од Обвинителство.

Велат дека вработениот во МВР ја нападнал сопругата, и тоа пред очите на нивната малолетна ќерка.

-Според наводите во обвинителниот предлог, обвинетиот, по претходна вербална расправија во семејниот дом, физички ја нападнал оштетената, удирајќи ја по лицето и главата пред нивната малолетна ќерка, по што ја фатил за вратот и започнал да ја дави. Со дејствијата на обвинетиот, на оштетената ѝ биле нанесени телесни повреди и предизвикана психичка вознемиреност. Оштетената успеала да се засолни во тоалет, а подоцна, додека со детето се обидувала да го напушти домот, обвинетиот ѝ го одзел и оштетил нејзиниот мобилен телефон. Заедно со ќерката побарале помош кај сосетка, која ги примила во својот дом – информираат од Обвинителството.

Додаваат дека бараат продолжување на мерката притвор.

-Со обвинителниот предлог е доставен и предлог за продолжување на мерката притвор поради постоење околности што укажуваат на опасност од бегство и можност обвинетиот да стане недостапен на органите на прогонот, како и поради постоење реални околности дека може да го повтори делото. При тоа е земено предвид дека обвинетиот живее во заеднички семеен дом со оштетената и нивната малолетна ќерка, пред чии очи било извршено насилството, се вели во соопштението од Обвинителство.

Би можело да ве интересира

Писмениот дел од правосудниот на мајчин, усниот на македонски, инсистира Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Мицкоски има одговор за изјавите на Радуков и Демерџиев, ама вели не заслужуваат внимание

Обвинителите бараат итна одлука од Уставниот суд за намалените плати

Катерина Ѓуровски

Левица: Мицкоски тврди дека економијата е „многу, многу постабилна“, а секое трето дете живее во сиромаштија

А1он

Мицкоски: Филипче е во состојба да продаде се само за да стигне до фотелја

А1он

Цената на струјата останува иста до крајот на годината