Рубио најави нови санкции против Куба

Од:

Американскиот државен секретар Марко Рубио објави нови санкции против Куба, сигнализирајќи дека САД ќе го зголемат притисокот врз кубанската влада за спроведување политички и економски реформи, објави Фокс њуз.

„Денешните санкции покажуваат дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп нема да стои настрана додека кубанскиот комунистички режим ја загрозува нашата национална безбедност“, рече Рубио на мрежата X.

Тој додаде дека САД ќе продолжат да преземаат мерки сè додека кубанскиот режим не ги преземе сите потребни политички и економски реформи.

Рубио ги воведе санкциите врз основа на извршната наредба на претседателот Трамп од 1 мај, насочена кон оние „одговорни за репресијата во Куба“ и претставувајќи закана за националната безбедност и надворешната политика на САД, објави Танјуг. „На само 90 милји од нашата американска татковина, кубанскиот режим го претвори островот во урнатини и го продаде на аукција како платформа за странски разузнавачки, воени и терористички операции“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Би можело да ве интересира

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Кулеба: Америка веќе нема желба да ја спонзорира Украина

Техеран му возвраќа на Трамп: Калифорнија е „нова територија на Исламската Република Иран“

„Фокс њуз“: САД за сè беа известени однапред

Горан Наумовски

САД: Ирански хакери украле 31,5 терабајти податоци од универзитети и компании

Трамп го одложи воведувањето на царина од 50 отсто за Канада