Беа на ист настан, премиерот не кажа до кога Лимани ќе биде министер

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека привршува внатрепартиската реорганизација и очекува во јуни да се работи на усогласувањето на ставовите за тоа како ќе изгледа Владата во иднина. Вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со свој став, но дека сака да ги слушне и позициите на останатите коалициски партнери. Не ја исклучува можноста за приклучување и на други партии во владината коалиција.

Прашан дали веќе има констатирано кој не ги исполнува очекувањата во Владата, Мицкоски рече дека „сè уште немаме длабински разговарано, но правиме анализи“.

– Правиме анализа се разбира. И јас лично, но и луѓето од мојот кабинет, имаме некакви индикации, така што, јуни доаѓа, па во месец јуни ќе имаме повеќе детали – изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по Германско-македонскиот бизнис самит 2026, во организација на АХК Северна Македонија.

Во однос на тоа дали ќе има прераспределба на политичката моќ низ ресорите во Владата, со оглед дека ЗНАМ имаат еден пратеник помалку, Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ прават анализи и ќе излезат со свој став, но би сакале да ги слушнат и ставовите на останатите коалициски партнери.

-Ние како коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, според мене, на тие преговори ќе излеземе со наш став, и тој став пред сè се должи на нашите анализи. Би сакале да ги слушнеме и ставовите на останатите коалициски партнери и се надевам дека како стратешка коалиција и понатаму ќе продолжиме успешно да ја водиме македонската Влада – изјави Мицкоски.

Мицкоски, не ја исклучува ниту можноста на владината коалиција да се приклучат и други партии. Прашан дали е можно и други партии да се приклучат на коалиција, Мицкоски одговори „Сè е можно, да“.

Прашан дали министерот Фатмир Лимани и понатаму ќе остане во Владата, Мицкоски рече дека тоа ќе треба да го одговори раководството на Колицијата „Вреди“, за кое посочи дека е стратешки партнер во рамките на Владата.

– Тоа ќе треба да го прашате раководството на коалицијата „Вреди“, коешто претпоставувам и понатаму ќе биде дел од Владата, бидејќи за нас тоа е стратешки партнер во рамките на Владата, така што ова прашање можеби би требало да го упатите таму – изјави Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Не може да се пишуваат дежурства од 31 ден во февруари со 24 часа работни, а да очекуваме вложувања во здравството

Мицкоски: Квалитетот на животот, а не бројките, е суштината на демографските политики

Лимани: За предвремени избори сум и нема веќе да бидам дел од „Вреди“

(ВИДЕО) Предвремени избори годинава нема да има, Мицкоски не вели НЕ за гласање следната година

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

Филипче: Македонскиот јазик не е загорезен, Мицкоски прдолжува со лажната одбрана на идентитетот