(ВИДЕО) Предвремени избори годинава нема да има, Мицкоски не вели НЕ за гласање следната година

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски не даде прецизен одговор на прашањето што мислел вчера кога рече „избори ќе има наскоро“. тој само вели, годинава избори сигурно нема да има, но не ја отфрла опцијата на предвремено гласање да се оди следната година наместо во редовниот термин, пролетта 2028 година.

– Оваа година избори нема, оваа година е реформска. јас би сакал да имаме редовни изори, кои ќе се случат во пролетта 2028 година. А дали 2027 година е опција, знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е секогаш подговтено да оди на избори и да победи, но она што ние го правиме, она што го има нашиот фокус е тоа да испорачаме реформи и да ја подобриме економската активност со што ќе го подобриме стандардот на граѓаните, рече Мицкоски.

Темата за предвремени избори ја предизвика вчерашната изјава на премиерот во која тој рече:

– Добрата вест е дека набрзо ќе има избори и дека СДСМ како партија ќе се маргинализира.

Во меѓувреме, се огласија од опозициската СДСМ од каде велат дека Мицксоки брза на предвремени избори „од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан“. Арбен Таравари пак го повика што побрзо да распише предвремени избори, за да се одблокира евроинтеграцискиот порцес.

Би можело да ве интересира

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

Писмениот дел од правосудниот на мајчин, усниот на македонски, инсистира Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Мицкоски има одговор за изјавите на Радуков и Демерџиев, ама вели не заслужуваат внимание

Левица: Мицкоски тврди дека економијата е „многу, многу постабилна“, а секое трето дете живее во сиромаштија

А1он

Мицкоски: Филипче е во состојба да продаде се само за да стигне до фотелја

А1он

Цената на струјата останува иста до крајот на годината