Бујар Османи од Брисел: Европскиот пат е блокиран, Охридскиот договор се урива

Од:

Потпретседателот на Демократската унија за интеграција, Бујар Османи, престојува во дводневна работна посета на Брисел, каде остварува средби со високи претставници на европските институции и Европскиот парламент, информираше ДУИ.

Во рамки на првиот ден, Османи се сретна со Емануел Жиофре, директор за Европа во Европската служба за надворешна акција (EEAS), со Валентина Суперти, директорка за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (DG NEAR), како и со европратениците Лукас Мандл и Илхан Кјучјук, поранешен известувач за Северна Македонија.

Агендата продолжува и денеска со средби со претставници од кабинетот на еврокомесарката за проширување Марта Кос, Андреја Вихер Вајт и Адел Марсуло, како и со европратениците Владимир Пребилич, Тис Ројтен и Матијаж Немец.

Во разговорите, како што соопшти Османи, доминирале прашањата за, како што оцени, „сериозната загриженост за рушењето на Охридскиот рамковен договор“ како клучен столб на соживотот и меѓуетничката стабилност во земјата.

Тој предупредил дека, според него, постои „организиран план за поништување на договорот“, кој, како што рекол, веќе ги поткопал неговите главни столбови и создава политички вакуум што може да биде злоупотребен од трети страни.

Османи во Брисел ја отворил и темата за деблокирање на евроинтегративниот процес, нагласувајќи ја потребата од искористување на актуелниот моментум на проширување, во контекст на напредокот на Црна Гора и Албанија.

Тој истакнал дека напредокот кон ЕУ бара храбри одлуки дома, но и јасна и континуирана поддршка од европските партнери.

Би можело да ве интересира

Османи: Законот за правична застапеност не треба да помине

А1он

Османи: Историски избори се пред нас, 19 октомври е референдум за иднината на Чаир

Бујар Османи: Овие избори во Чаир се борба меѓу народот и клика луѓе кои 20 години го ограбуваат

А1он

Османи: Ако во првите сто дена не го исчистам Чаир, нема да продолжам понатаму

Бујар Османи: Мобилна болница и здравствени тимови за подобра превенција на здравјето на граѓаните на Чаир

А1он

Бујар Османи: Предвремени избори ќе има во март или април