Фудбалерите на Сасуоло денес го победија Милан со 2-0 (1-0) на домашен терен во Реџо Емилија во натпреварот од 35-то коло од италијанската Серија А.
Головите за Сасуоло ги постигнаа Доменико Берарди во 5-тата минута и Арманд Лориенте во 47-мата минута.
Фудбалерите на Милан го завршија натпреварот со играч помалку, откако Фикајо Томори беше исклучен во 24-тата минута.
