СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

Од:

Судот ги завршил и ги доставил сите потребни документи за екстрадиција на осудениот криминалец Никола Груевски, се вели во соопштението од СДСМ. Сега тие документи се во Министерството за правда, а министерот од ЗНАМ, дел од тендер коалицијата на Мицкоски, не ги испраќа во Унгарија. Нема никаква причина да се чека нова влада. Институциите мора да работат и да постапат веднаш, велат од СДСМ.

„Мицкоски и неговата влада свесно го штитат Груевски и му даваат време да побегне во трета држава. Ова не е административна грешка туку свесна заштита на криминалецот од страна на шефот на криминалната организација ВМРО-ОКГ. Граѓаните заслужуваат јасен одговор: Зошто Мицкоски не го бара Груевски? Зошто документите се заглавени во Министерството за правда? Доаѓа времето на вистината“, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација