Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија го активираа системот „Find Me“ за итно јавно известување во случајот со исчезнувањето на петнаесетгодишната Дуња Нециќ од Нови Сад, лице со посебни потреби, која исчезна на 29 април откако излезе од училиштето за основно и средно образование „Д-р Милан Петровиќ“ во Нови Сад, и се упати во непознат правец.
Според Министерството за внатрешни работи, девојчето последен пат е видено на 1 мај, околу 19 часот во Инѓија, на аголот од улиците Милош Црњански и Цар Душан. Дуња Нециќ е висока околу 160 сантиметри, има црна коса преку рамената и е со средна градба, а во моментот на исчезнувањето носеше црна јакна, црни кожни панталони и црни патики „Најк“.
Полицијата апелира до граѓаните доколку имаат какви било информации, да се јавете на 192 или на 064/8924059.
Информациите се објавени на веб-страницата http://pronadjime.mup.gov.
