(ВИДЕО) Манасиевски: Ако СДС и Филипче се проевропска опција, зошто постојано се демантирани од европски институции?

Од:

СДС се претставуваат како проевропска опција, а се што ќе кажат постојано е демантирано од европски институции или од европратеници. Проевропска опција е етикета која СДС и Венко Филипче сами си ја налепуваат само за да даваат лажни оправдувања за сите национални предавства кои ги направија додека беа на власт. Од друга страна, додека Венко Филипче говори за национални интереси, неговиот сопартиец и член на ИО, Рубин Земон, кој беше дел од владејачката структура за време на Зоран Заев, јавно изјави дека Гоце Делчев е небитен и дека е мит и со тоа директно ја релативизираше неговата улога, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

– За Филипче и СДС, еден од темелите на македонската државност е небитен. Исто така, и лагата која ја ширеа за изјавата на европратеникот и известувач за Македонија во Европскиот парламент, господинот Томас Вајц, за која тој самиот веднаш демантираше, заклучи дека Македонија има голем напредок во Реформската агенда.

Да не ја заборавиме и паниката, хаосот и хистеријата која ја ширеа за средствата од ИПАРД програмата, беше исто така демантирана во известување од страна на Европската Комисија. Ваков е проевропски СДС. Се служи со лаги, манипулации и спинување на изјави на европратеници и ги омаловажува националните херои. СДС на чело со Венко Филипче, се истиот СДС на чело со Зоран Заев, рече Манасиевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Четворица адвокати на Заев ги убедувале обвинителите од СЈО да се ослободат лица од притвор

(ВИДЕО) Манасиевски: Луѓе на Спасовски вршеле притисок врз обвинители од СЈО кои луѓе да се гонат, СЈО работело под насока на Заев и СДС

(ВИДЕО) Манасиевски: Режиран политички театар на СДС и Левица

Манасиевски: Работниците останаа без 600 евра минимална плата поради ССМ

(ВИДЕО) Манасиевски: ССМ и Слободан Трендафилов одбиле 40% покачување на платите во следните 2 години на штета на работниците

Манасиевски: По толку големи реформи во СДС, Венко отиде на заслужен одмор дома во Дубаи