Со падот на пријателот на Мицкоски и негов заштитник, Виктор Орбан, започнува разоткривањето на бизнис мрежата која ќе ја видат и граѓаните на Македонија. Освен бизнисите и релациите на Орбан новиот унгарски премиер Петер Маѓар најави преиспитување и на скапите меѓународни договори за кинеските кредити. Тоа директно ја засега и Македонија и македонските граѓани. Мицкоски и целата ВМРО-ОКГ се најблиските Орбанови партнери и пријатели на Балканот. Еден од тие скапи и нетранспарентни договори склучи Владата на Мицкоски со владата на Орбан со кој што ги задолжи граѓаните 1 милијарда евра, изјави Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ.
– Реномираниот медиум, Блумберг вчера објави дека Унгарија објави претходно необјавени детали за заем од 1 милијарда евра што владата на Орбан го земала од Кина во 2024 година. Истата година кога Мицкоски го зеде кредитот од Унгарија со иста сума. Парите Унгарија ги земала од Кина истата 2024 година од China Development Bank, Export-Import Bank of China и унгарската филијала на Bank of China. Новите информации излегуваат по изборниот пораз на Орбан. Се криеле трошоци, камати, еднократни трошоци. Исто како во Македонија. Имаше скриени трошоци кои владата никогаш не ги соопшти. Над 1 милиони евра беа префрлени за договорни услуги, но никогаш не се дозна дали се за банкарски провизии или за консултантски услуги. И се уште не се знае каде завршија овие пари. Освен дека ќе мора да ги вратат граѓаните. И во Македонија мора да има истрага за кинеските пари. Сè што Маѓар сега го разоткрива во Унгарија – перење пари, контрола на медиуми, тајни бизниси, корупција, директно се пресликува и во Македонија. Затоа СДСМ повикува Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага и се да се истражи. Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста, вели Кузеска.
