Дмитриев: Американските царини за автомобили се фатален удар за индустријата на ЕУ

Од:

Кирил Дмитриев, директор на Рускиот фонд за директни инвестиции и специјален претставник на рускиот претседател за инвестиции и надворешна економска соработка, денес изјави дека новите американски царини за европски автомобили и камиони во услови на енергетска криза значително ќе влијаат на индустрискиот сектор на ЕУ.

– Царината од 25 проценти за автомобили и камиони од ЕУ, во комбинација со енергетската криза, задава смртоносен удар на веќе пропаднатиот индустриски сектор на ЕУ, напиша Дмитриев на платформата X.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во петокот дека Вашингтон планира да ги зголеми царините за увоз на автомобили и камиони од Европската Унија на 25 проценти почнувајќи од следната недела.

Би можело да ве интересира

„Фајненшл тајмс“: Вашингтон му помага на Киев да ја пробие руската воздушна одбрана

Вeнс: Украинската контраофанзива беше тактичка катастрофа

(ВИДЕО) Застрашувачки сцени од Вашингтон: Стотици расисти и неонацисти во бели маски маршираа низ улиците

Катерина Ѓуровски

Зголемени активности околу иранските нуклеарни постројки

„Позитивен напредок“ во преговорите меѓу САД и Иран во Доха

Почина седумгодишник во САД, тежок 115 килограми – јадеше само чипс и помфрит

А1он