Марта Кос: Ги прекинавме сите исплати од Планот за раст за Србија

Од:

„Засега ги запревме сите исплати од Планот за раст бидејќи Србија има назадување во областа на правдата, и додека не го средат тоа, нема да можат да добијат финансиска поддршка од ЕУ“, изјави европската комесарка за проширување Марта Кос на Универзитетот во Фриборг во Швајцарија.

Кос одржа предавање „Како геополитиката го промени проширувањето на ЕУ“ на Универзитетот во Фриборг. Одговарајќи на прашања од публиката, таа се осврна и на ситуацијата во Србија, пренесува savremenapolitika.com.

„Србија денес е многу поларизирана. Таа е кандидат за членство повеќе од десет години, и за жал гледаме назадување, особено во делот поврзан со вредностите за кои зборував претходно, владеењето на правото, демократијата, слободата на изразување и особено слободата на медиумите. Постои иднина за Србија во Европската Унија, но курсот мора да се промени“, рече Кос.

Таа истакна дека геополитичката ориентација е исто така важна.

„Имаме правило, пред да станете членка на ЕУ, усогласеноста на државата со надворешната и безбедносната политика на ЕУ мора да биде 100 проценти. Ова значи дека не можете да седите на две столчиња. Во одреден момент, Србија ќе мора да одлучи што е најважно за нејзиниот развој“, додаде таа.

Кос оцени дека неодамнешните процеси во Србија покажаа дека „постојат сили кои навистина не се согласуваат со тоа како владата и претседателот управуваат со земјата“.

„Уште еднаш, ние сме подготвени да помогнеме, но Србија ќе мора да се движи“, додаде таа.

Усвојувањето на таканаречените закони на Мрдиќ во јануари 2026 година доведе до остри критики од Брисел. Во извештајот од минатата недела, Венецијанската комисија презентираше низа препораки врз основа на кои овие закони треба да се променат, додека Европската комисија изјави дека очекува Србија да ги спроведе овие препораки што е можно поскоро.

Би можело да ве интересира

РИК обработи 8.077 избирачки места: „Студентска листа“ освојува 52,54 отсто, а „Обединета Србија“ 39,29 отсто

Фон дер Лајен и Коста ѝ честитаат на Студентската листа за изборната победа

Горан Наумовски

Странските медиуми за пoразот на Вучиќ: „Сеизмички потрес на Балканот“

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

Им приоѓа на жртвите од зад грб, па ги кине ланчињата од врат – уапсен е крадец кој направи штета од 10.000 евра

А1он

Пензионери се мета на лажни лекари – во Пирот е уапсен бугарски државјанин кој измами старица

А1он