Американската обвинителка Џанин Ферис Пиро објави видео на кое се гледа Кол Ален (31), осомничен за атентатот врз Доналд Трамп, како поминува покрај агентите на обезбедувањето и тајната служба во хотелот Хилтон каде што се одржа вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа.
Како што изјави таа, Ален го посетил и наведеното подрачје во хотелот Хилтон еден ден пред нападот.
This surveillance video clearly shows the assailant carrying a shotgun and getting a shot off at a Secret Service agent, who was hit. A Secret Service agent fired back with five pistol rounds. pic.twitter.com/ktM46uwsJm
— Katie Pavlich (@KatiePavlich) April 30, 2026
„Објавуваме видео кое веќе е доставено до Окружниот суд на САД, на кое се гледа како Кол Ален пука во член на тајната служба на САД за време на неговиот обид за атентат врз претседателот на вечерата на дописниците од Белата куќа“, рече таа со видеото.
Додаде дека истрагата продолжува.
Кол Ален се соочува со три обвиненија, а доколку биде осуден, може да се соочи со доживотна казна затвор.
Првата точка од обвинението се однесува на обидот за атентат врз претседателот на Соединетите Американски Држави (САД). Според втората точка од обвинението, тој е обвинет за транспорт на огнено оружје преку државните граници со цел извршување кривично дело. Третата точка од обвинението се однесува на употреба на огнено оружје за време на насилно кривично дело.
Осомничениот напаѓач беше совладан и приведен, додека еден член на Тајната служба бил полесно ранет.
