Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство

Од:

Министерот за правда, Игор Филков информираше дека политичките партии доставиле дополнителни забелешки и коментари на препораките на ОБСЕ/ОДИХР. На маса биле и предлозите на институциите кои се вклучени во изборниот процес а со кои во изминатиов период како Министерство за правда имавме конструктивни средби: Државната изборна комисија, Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Агенцијата за администрација и независните граѓански иницијативи.

– Но, она што денес изостана е токму она што е најпотребно – политичка зрелост. Не може да зборуваме за фер и демократски избори, а истовремено да не учествуваме во процесот кој треба да ги обезбеди тие стандарди. Демократијата подразбира дијалог, компромис и заедничка одговорност. Денеска имавме можност да го видиме вистинското лице на за жал, изгубената политичка партија која што со низа погрешни потези водени од тесногради партиски интереси свесно ја блокира реформската агенда и го кочи европскиот напредок на државата. СДСМ избраа да не бидат дел од процесот во момент кога се носат суштински одлуки. Ова е доказ, дека нивните заложби за европска иднина се само декларативни, а реалноста е нешто сосема спротивно “, изјави министерот за правда Игор Филков.

Филков посочи дека ова не е прв пат, СДСМ вака да се однесува.

– Во Собранието го блокираа и клучниот реформски Закон за Јавното обвинителство, иако дел од нивните амандмани беа прифатени. Со ваквите нивни, би рекол крајно срамни и неодговорни политики, реформите се држат во заложништво на тесно партиските интереси, а европската иднина на нашите граѓани во неизвесност. Со досегашното неодговорно однесување на СДСМ и неучеството во работната група за реформи во изборното законодавство директно се загрозени 4 милиони, 281 илјада , 623 евра. А, со блокадата на Законот за јавното обвинителство во Собранието, дополнително, 6 милиони, 422 илјади, 623 евра. Пари кои што и те како, може да го олеснат реформскиот процес и да ги подобрат состојбите во правосудството за секој наш граѓанин”,рече Филков.

Тој порача дека Владата продолжува посветено да работи на реформите во државата се до крајната цел – обезбедување стабилност, просперитет и владеење на правото.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“