Рубио: Имаме индикации дека Моџтаба Хамнеи е жив

Од:

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека американската администрација има индикации дека иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи е жив, но дека постојат многу отворени прашања во врска со неговата вистинска улога во владата во Иран.

Рубио во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека клучните прашања се поврзани со тоа дали Хамнеи навистина има политички авторитет и донесува одлуки во земјата, соопшти канцеларијата на американскиот државен секретар.

„Можеби е жив, но мислам дека нерешените прашања тука се дали има ист кредибилитет како неговиот татко. Знаеме дека со години, барем јас знам со години, во Иран се водат внатрешни дебати за наследувањето и дали тоа треба да биде наследно“, рече Рубио.

Тој истакна дека со години во Иран се водат внатрешни дебати за методот на политичко наследување и дека некои од овие дебати не се решени.

Би можело да ве интересира

„Њујорк тајмс“: Хамнеи имал три операции на едната нога и можеби ќе му треба протеза

Кац: Чекаме одобрение од Трамп за атентат врз Моџтаба Хамнеи

Њујорк Тајмс: Власта во Иран се префрла од врховниот лидер Моџтаба Хамнеи на ИРГЦ

(ВИДЕО) Иранците го оплакуваат Хамнеи: Завршува 40-дневниот период на жалост

Горан Наумовски

Хамнеи: Иран ќе продолжи да го поддржува Хезболах во борбата против САД и Израел

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Рубио: На повидок е крај на војната

Горан Наумовски