Во угостителски објект во Аеродром сексуално вознемирување на десетгодишно дете

Од:

Вчера во угостителски објект во скопската населба Аеродром, каде има и игротека, се случил сериозен инцидент при што 10-годишно дете пријавило несоодветно однесување од страна на вработен келнер.

Детето кое било во игротеката внатре во угостителскиот објект, отишло само до шанкот да побара вода, при што келнерот започнал комуникација со него. Разговорот, според информациите на А1он, прераснал во вознемирувачка ситуација, при што вработениот наводно го гушнал детето и му упатил недолични барања од сексуална природа. Прво барал детето да го покаже половиот орган, а потоа предложил да одат до тоалетот заедно и тој да му го покаже.

Детето избегало до својот родител кој бил во близина, и случајот веднаш бил пријавен во полиција и во Јавното обвинителство. Родителот наведува дека детето го препознало лицето кое имало комуникација со него, по што биле прегледани и снимките од безбедносните камери, на кои, според нивните тврдења, се гледа физички контакт.

Осомничениот, како што тврди родителот за А1он, признал дека комуникацијата била „на шега“, но ваквото објаснување не ја намалува сериозноста на наводите. По настанот, детето било однесено на разговор со психолог, каде покажало знаци на вознемиреност и траума.

Родителите посочуваат дека во објектот често престојуваат деца поради што има игротека, и апелираат до јавноста за зголемена внимателност и надзор. Тие исто така бараат институциите целосно да го расчистат случајот и соодветно да постапат.

Од Министерството за внатрешни работи засега нема официјални детали за случајот.

Би можело да ве интересира

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва

Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

Берово утрово најстуден град во земјава, измерени минус 1 степен