Кривична за двајца службеници од Кривичниот суд, едниот е во затвор, другиот во домашен притвор

Од:

Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека постапувајќи по предлог на надлежното обвинителство, на 9.4.2026 година судот донел решение со кое на лицето Г.А.А., вработен како судски службеник – судски полицаец во овој суд, му определи мерка притвор во траење од 30 дена поради основано сомневање дека сторил кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, а кумулативно судот оцени дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, како и можноста за влијание врз сведоци и докази во текот на постапката.

Против решението не е поднесена жалба и е правосилно, посочуваат од Судот.

Дополнително, се додава, надлежното обвинителство поднесе предлог за определување мерка притвор и за лицето Ф.Џ. вработен како судски службеник – доставувач во овој суд, поради основано сомневање за помагање во извршување на кривичното дело – Примање награда за противзаконито влијание, но судот не го прифатил предлогот на надлежното обвинителство за определување мерка притвор.

-Наместо тоа, на лицето Ф.Џ., на 22.04.2026 година му определи мерка куќен притвор во траење од 30 дена. Мерката куќен притвор е определена поради основано сомневање за помагање во извршување на кривичното дело. При донесувањето на оваа мерка, судот утврди дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, како и можност за влијание врз сведоци и докази. Против ова решение, јавниот обвинител има поднесено жалба до кривичниот совет на овој суд, стои во соопштението.

И покрај тоашто двајцата осомничени се вработени во овој суд, Основниот кривичен суд Скопје, се посочува, одлучуваше по предлозите поднесени против двајцата осомничени, бидејќи кривичното дело е од лепезата на кривични дела кои се судат во одделението за организиран криминал и корупција, а имајќи ја предвид судската пракса, судот не може да биде изземен.

Посредувањето требало да биде пред Апелациониот суд Скопје и пред Врховниот суд, а во врска со предмет за којшто Основниот кривичен суд Скопје донел Пресуда во која е изречена казна затвор во траење од 1 – една година за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или рапсрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик, наведуваат од судот.

Би можело да ве интересира

Лажен лекар од Македонија со „приказна“ за тешко повредени роднини измами жители на Врање

Горан Наумовски

Кривичен: Обвинителство се уште нема одговорено по жалбата за притворот на Стефан Богоев, по комплетирање предметот ќе биде доставен на одлучување

Измама со билети вредни милион долари во познатиот Лувр

Горан Наумовски

Пензионерка остана без 17.000 евра – наседна на лажно ветување за заработка од криптовалути

А1он

Тетовка измами маж, го излажа дека е бремена и му зема 18.000 евра

Татко и ќерка со години мамеле галерии со лажни дела на Пикасо и Бенкси