Влаховиќ, Леао и Калафиори поврзани со мрежата за елитна проституција во Милано

Од:

Како дел од истрагата за наводната мрежа за проституција во Милано, се појавија имињата на бројни фудбалери, меѓу кои Алесандро Бастони (Интер), Рафаел Леао (Милан), Душан Влаховиќ (Јувентус), Раул Беланова (Аталанта), Рикардо Калафиори (Арсенал), Јан Бисек (Интер), Андреа Пинамонти (Сасуоло), Самуеле Ричи (Милан) и Џанлука Скамака (Аталанта).

Важно е да се нагласи дека ниту еден од споменатите играчи не е под истрага или осомничен за кривично дело.

Нивните имиња се наоѓаат на списокот од десетици „клучни зборови“ што обвинителството во Милано, предводено од Марчело Виола, ги наведе во наредбата за претрес и заплена.

Наредбата беше извршена пред два дена, кога четири лица беа уапсени и ставени во домашен притвор под сомнение за експлоатација и поттикнување на проституција, каде што услугите наводно биле наменети за играчи на бројни клубови, вклучувајќи ги Милан, Интер и Јувентус, пишува АНСА.

Споменатите клучни зборови ќе им послужат на истражителите на Одделот за економски и финансиски криминал на италијанската финансиска полиција (Gdf) при анализа на телефоните и другите електронски уреди на двајцата наводни организатори на нелегални активности и нивните соработници.

Целта е да се пронајдат докази што ќе ги поткрепат обвинувањата. Листата со презимиња на фудбалери првпат ја објави весникот „Il Giornale“, а агенцијата ANSA потврди дека една страница од наредбата на обвинителот содржи повеќе од шеесет имиња.

Во продолжение на истрагата, обвинителството ќе ги испраша девојките како сведоци и ќе спроведе дополнителни технички дејствија, како што е анализа на мобилни уреди, со цел да се утврди вистинскиот обем на наводната мрежа за проституција.

Истражителите ја проверуваат можноста некои фудбалери да учествувале само на забави во ноќните клубови во Милано организирани од компанијата Ma.De Milano, наводна параван за овие активности, но без да користат „дополнителни услуги“.

Оваа услуга вклучувала ноќевање во хотел и платен секс, а во некои прилики била придружена со консумирање на азотен оксид, познат како „гас за смеење“.

Би можело да ве интересира

Разбиен синџир за проституција во Милано – меѓу клиентите има и познати фудбалери

А1он

Младите фудбалери на ФК Водно го освоија „Овиедо куп“ во Шпанија

А1он

Разбиена е шема за посредување во проституција, уапсени се две лица

(ВИДЕО) Тројца загинати во пожар во близина на Милано

А1он

Драма во Милано: Горат аеродромски шалтери, патниците во паника бегаат, насилник со чекан крши монитори

48-годишен маж од Тетово е осомничен за посредување во проституција

Горан Наумовски