(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

Од:

Со празни фрижидери и празни џебови, граѓаните најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа. Секојдневието е сурово за народот, цените поскапеа, стандардот паѓа, платите не мрдаат, а граѓаните имаат сè помалку пари. СДСМ уште пред 50 дена предложи конкретни мерки за заштита на стандардот на граѓаните, на самиот почеток на кризата. Мицкоски не презеде ништо. Напротив, владата ја укина и мерката за намален ДДВ за дизелот, враќајќи го на 18%, изјави Богданка Кузеска-портпаролка на СДСМ.

– Сега е веќе доцна, цените пораснаа, а товарот го носат граѓаните. Народот плати за грешките на Мицкоски и цената допрва ќе зголемув. Во мај се очекуваат нови предизвици, прогнозите на Европската централна банка и Европската комисија се дека следува забавување на растот, висока инфлација и ризик од рецесија. Само Мицкоски и понатаму живее во својот паралелен свет на бајки за 3 та економија во Европа. Граѓаните не живеат од бајки – тие ја живеат реалноста секој ден. Зеленчукот е поскапен за над 38%, овошјето за над 10%, а цените во земјоделството за 23%. Поскапени се месото, јајцата, зејтинот…. практично сè е поскапено.

Во исто време, платите стагнираат и остануваат меѓу најниските во Европа. Мицкоски одби да ги покачи платите на работниците, одби 600 евра минимална плата. Мицкоски нема капацитет да води економска политика. Има капацитет само за својот приватен бизнис и за тендери. Човек со часовници од 60 илијади евра или 150 минимални плати им кажува на граѓаните дека сме 3 та економија во Европа ама дека најниските плати им се доволни. Какви апсурди. Во исто време кога економијата оди забрзано надолу. Инвестициите паднаа за над 60%. Компаниите отпуштаат – над 1.500 работници за само неколку месеци. Државата должи 180 милиони евра за поврат на ДДВ кон стопанството.

Доста беа бајки, доста е бранење на бизнис интересите потребни се мерки за граѓаните. СДСМ повторно бара итни мерки:

– Замрзнување на цените на основните производи,

– Намалување на ДДВ за храна и енергија,

– Директна помош за ранливите категории,

– Мерки за зачувување на работните места.

Економијата не е статистика, туку животот на секој граѓанин, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он