Пожарот кај „Глажња“ е сè уште активен, екипите продолжуваат со гаснење

Од:

Екипите на подрачната единица на „Македонски шуми“ сè уште се на терен и се обидуваат да го изгасат пожарот кој избувна вчера кај акумулацијата Глажња во општина Липково, информираа денеска надлежните од претпријатието. Заменик директорот на претпријатието, Кире Михаилов информираше дека пожарот е пријавен околу пладне, вчера. Веднаш излегле екипи на претпријатието како и на ТППЕ Куманово.

– Пожарот има зафатено две страни од широк прооден пат што значи намерно е подметнат на двете страни од патот, инаку нема никаква можност истиот да биле префрлен од едната на другата страна природно – изјави Михаилов.

Тој се сомнева дека пожарот е последица на претходната акција на претпријатието за одземање нелегално исечени дрва во регионот, по што се појавиле пожарите. Михаилов вели дека брзата интервенција ќе спречи ширење на пожарот кон повисоките места каде нема пристапен пат и во моментов нема сериозни закани да излезе од контрола.

– Мораме да се потрудиме во текот на овој ден го ставиме целосно под контрола и долниот делот зафатен со пожарот-рече Михаилов.

Пожарот зафатил ниска деградирана шума. Од РЦУК Куманово, информираа дека Полициската станица Матејче ги информирала за пожарот на ниската дабова шума кај село Глажња, првично пожарот се движел во три правци кон Думановце, каде постоело можност да зафати фарми со крави, кон село Гошинце и кон село Брест. Екипите остануваат да го гасат пожарот во текот на денешниот ден.

Би можело да ве интересира

Пожар во станбена зграда во Констанца: Десетици се евакуирани, девет лица се во болница

Гори депонија во близина на Арачиново

Горан Наумовски

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови