Возач од Гостивар „летал“ со 178 километри на час

Од:

Гостиварец вчера возел со брзина од 178 км на час надвор од населено место каде дозволената брзина е 80 километри на час – утврдила полицијата со помош на специјално возило пресретнувач. Возилото е одземено и возачот К.И. (44) ќе се соочи со санкција согласно одредбите од член 297-а и 300-б од Кривичниот законик.

– На патот Гостивар – Тетово од страна на полициски службеници со помош на специјално возило „пресретнувач“ измери брзина на движење на патничко возило „мерцедес“ од 178 километри на час надвор од населено место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Оттаму МВР најавуваат дека сообраќајните контроли со специјалните возила пресретнувачи продолжуваат и во наредниот период на територијата на цела држава, со цел санкционирање на сторителите, зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот.

– Управувањето на возила со брзина поголема од пропишаната е една од главните причини за сообраќајни незгоди, кои најчесто резултираат со тешки последици по здравјето и животот на граѓаните. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта – велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Таткото го снимил синот како вози со брзина од 163 км/ч на и го објавил видеото

Крај за дивеењето во сообраќајот: Возило ќе се одзема за брзини над 70 км/ч во населено место

Србинка е уапсена во Црна Гора – возеше 202 км на час

А1он

Лишен од слобода пијан возач поради „безобѕирно управување со моторно возило“

Приведен возач од Крива Паланка, управувал возило со брзина од 142 км на час на место каде е дозволено 70 км на час

Гостиварец „летал“ со 173 километри на час, од МВР заработи кривична