Лидерот на бугарската партија ГЕРБ – СДС, Бојко Борисов вечерва по завршувањето на гласањето на парламентарните избори упати честитка до првопласираните – „Прогресивна Бугарија“ на Румен Радев.
– Ви благодарам за секој глас за ГЕРБ. Им честитам на првите! Рамнотежата ни е јасна и ја постигнавме со оставката на кабинетот „Жељазков“. Без коалиции и без непринципиелни собранија. Едно е да се добијат изборите, а сосема друго е да се владее. Изборите одлучуваат кој е прв, но преговорите ќе одлучат кој ќе владее. ГЕРБ може да биде и во власта и во опозиција. Во политиката, како и во животот, потребно е трпение – напиша Борисов на Фејсбук.
Претходно вечерва според првичните излезни анкети од денешните предвремени парламентарни избори партијата на Румен Радев, „Прогресивна Бугарија“, е победник на изборите.
Радев води со речиси 24 отсто пред второпласираната ГЕРБ-СДС на Борисов.
