Мицкоски: Законот за високо образование е државно, a не политичко прашање

Од:

Предлог-законот за високо образование не се креираше зад затворени врати, туку преку дебати со универзитетите, тој е заедничко решение со академската заедница и верувам дека ќе даде резултати. Ова не е закон на Владата, ова не е политичко туку државно прашање од кое зависи иднната на земјата и на нашите млади кои сега не препознаваат квалитет во домашното високо образование. Ова го порача премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција во Владата по повод пакетот закони за високо образование и за наука кои се во владина процедура.

На прес-конференцијата заедно со министерката за образование и наука Весна Јаневска, во присуство на ректорите од седумте јавни универзитети, тој нагласи дека треба да се престане со експерименти туку со системски решенија затоа што, рече, образованието е фундамент на секое општество.

– Долго време виското образование трпи големи штети, зашто во 2018 се донесе законско решение уште полошо од претходното, со намалени прагови за напредување во звања, намалена продукција на научни трудови и намален квалитет. Во изминатите години немаше ниту една сериозна евалуација, ниту беа предложени решенија. Како Влада не можеме да дозволиме уште една изгубена деценија. Денес имаме воспоставен вистински партнерски однос со академската заедница и заедно со нив правиме нов закон, рече Мицкоски.

Нагласи дека законот за високо образование одговара на реалните предизвици, а во фокусот се младите и тие да се задржат дома и тука да ја градат иднината и кариерата. Меѓу новините, рече, е тоа што првпат најдобрите студенти ќе имаат предност при вработување на државните универзитети, се воведува и нов модел на финансирање на високообразовните установи.

Мицкоски соопшти дека 7,5 милијарди денари е буџетот на универзитетите и дека е значително поголем од минатата година, додавакјќи дека тој тренд ќе продолжи.

Додаде дека фокусот ќе биде и на науката, поддршка на научни трудови, за нашите универзитети, како што рече, повторно да бидат препознаени како центри на квалитет и иновации.

Министерката Јаневска ги соопшти предностите на новиот закон и посочи дека во неговото креирање се слушнати мислењата на дебатите организирани на сите универзитети и оти се вградени сите конструктивни и аргументирани забелешки.

Би можело да ве интересира

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

Мицкоски: Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата