СДСМ: Мицкоски како некој уличар, ја злоупотребува функцијата претседател на Владата за однапред да и се заканува на опозицијата

Од:

Христијан Мицкоски повторно, јавно и пред камерите, „имал чувство“ дека во блиска иднина ќе започнат судски процеси против поранешни високи функционери на СДСМ, поранешни премиери, претседатели на Влада и членови на нивните семејства, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Ова не е прв пат, истото Мицкоски го правеше и во Собранието. Ваквите изјави не се случајни. Тие се свесна и опасна закана против политичките неистомисленици. Наместо да се занимава со обезбедување услови за владеење на правото, Мицкоски како некој уличар, ја злоупотребува функцијата претседател на Владата за однапред да и се заканува на опозицијата со прогон и да ја плаши јавноста, велат од СДСМ.

„Причината е јасна: Мицкоски се наоѓа во незгодна ситуација поради сѐ посилните меѓународни истраги за неговите врски со криминалниот режим на Орбан, за бизнисите што ги чинеле граѓаните на Македонија милиони евра и за можното перење пари преку финансиски институции и медиуми. Затоа се обидува да го префрли фокусот на СДСМ и однапред да го дискредитира секој иден процес против себе и својата банда. Ова не е борба против корупцијата. Ова е класично подготвување терен за политички прогон и обид јавноста да се навикне на идејата дека „некој ќе биде гонет“, не според докази, туку според „чувството“ на премиерот.

Во нормална европска држава, премиерот не најавува судски процеси, не се претставува како обвинител и судија не испраќа нарачки до институциите преку телевизија. Таквото однесување директно го крши основниот принцип на владеење на правото од член 2 од Договорот за Европската Унија – независност на судството, поделба на власта и забрана за политичко влијание врз правосудството. Тоа е спротивно на сите Копенхашки критериуми што Северна Македонија треба да ги исполни за членство во ЕУ.

СДСМ за овие сериозни закани од страна на претседателот на Владата веднаш ќе ги извести:

* Европскиот известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент, пратеникот Томас Вајц;

* Делегацијата на Европската Унија во Скопје;

* Европската комисија (DG NEAR / DG ENEST);

* Венецијанската комисија на Советот на Европа, која ја следи реформата на судството во нашата земја.

Ќе бараме итна реакција од европските институции и јасна порака дека таквото однесување на премиерот не е прифатливо во земја што претендира да стане членка на Европската Унија. Сите мора да бидат еднакви пред законот – и поранешни и сегашни функционери. Но, никому, па ниту на премиерот, не му е дозволено да ги злоупотребува државните институции како оружје против политичките противници, ниту да ги претвора во штит за сопствените криминални врски. Дојде времето Мицкоски да престане да се игра со „чувства“. Не може повеќе да биде шеф на криминална и политичка банда која се плаши од вистината и правдата, а сака да избегне одговорност. Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он