САД планираат серија акции против Куба

Од:

САД планираат „серија акции“ против Куба и се подготвени да ги спроведат сите наредби од американскиот претседател Доналд Трамп, објави руската новинска агенција РИА, повикувајќи се на соопштение на Пентагон.

– Нема да шпекулираме за хипотетички сценарија. Министерството планира серија планови за непредвидени ситуации и останува подготвено да ги спроведе наредбите на претседателот како што ќе бидат примени, изјавија од Пентагон за новинската агенција РИА.

Претходно, медиумите објавија дека Министерството за одбрана на САД започнало подготовки за можна операција на Куба.

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел изјави дека САД немаат оправдана причина да започнат воен напад врз островот или да се обидат да го соборат.

„Доколку тоа се случи, не мислам дека би имало какво било оправдување САД да започнат воена агресија против Куба или да преземат каква било голема операција или киднапирање на претседателот“, рече Дијаз-Канел.

Според него, „доколку тоа се случи, ќе има борби“.

„Ќе се браниме, а ако треба да умреме, ќе умреме, бидејќи како што вели нашата национална химна, „умирањето за татковината е живот“, заклучи Дијаз-Канел.

Би можело да ве интересира

Пентагон се подготвува за инвазија на Куба

Горан Наумовски

Верижен судар на 75 возила во Колорадо, 19 лица се повредени

Багеи: Бараме крај на војната и право на збогатување ураниум

Горан Наумовски

САД подготвуваат копнена операција ако прекинот на огнот во Иран не успее

„Волстрит џурнал“: Европа подготвува „европско НАТО“ во случај САД да си замине

„Њујорк тајмс“: Иран е подготвен привремено да се откаже од нуклеарната програма