(ВИДЕО) Откриен е идентитетот на убиецот од Турција: Полицијата го уапси неговиот татко кој е полицаец

Од:

Нападот во средно училиште во Кахраманмараш (Турција) го изврши Иса Арас Мерсини, ученик од осмо одделение, кој потоа изврши самоубиство. Тој уби тројца ученици и еден наставник, а повредил 20 лица, потврди Мустафа Чифтчи, објави весникот Хуриет.

Како што потврди полицијата, уапсен е и Угур Мерсини, таткото на убиецот на момчето, кој самиот е полицаец. Претходно беше објавено дека момчето дошло во училиште со пет пиштоли што ги зел од својот татко.

Турските медиуми објавија дека министерот за внатрешни работи Чифтчи, министерот за образование Јусуг Текин и министерот за здравство Кемал Мемишоглу итно ќе го посетат училиштето во Кахраманмараш каде што се случил нападот.

Четири инспектори за цивилна администрација и четири полициски инспектори се задолжени за истрага на нападот. Гувернерот на Кахраманмараш претходно објави дека се истражува мотивот за нападот.

Снимки од местото на настанот се појавија и на социјалните мрежи, на кои се гледа како панични ученици скокаат од прозорци за да избегаат од напаѓачите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ново пукање во училиште во Турција: Има мртви и ранети

(ВИДЕО) Убиецот од Турција го најави нападот: „Подгответе се. За неколку дена ќе има напад во ова училиште“

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пукање во училиште во Труција, најмалку 16 повредени

Катерина Ѓуровски

Турција: НАТО е одбранбен сојуз и нема потреба да интервенира во Ормутскиот теснец

„Хуриет“: Загубите на американската авијација пресуди за исходот од војната

Болат: НАТО не е обврзан да ѝ помогне на Америка во војна