Пожар во станбена зграда во Констанца: Десетици се евакуирани, девет лица се во болница

Од:

Девет лица, меѓу кои и четири деца, се хоспитализирани синоќа во Окружната болница во романскиот град Констанца на Црното Море откога пожар зафати станбена зграда во населбата Анри Коанда.

64-годишен маж е во критична состојба со речиси 80 проценти изгореници на телото, соопшти Окружниот инспекторат на Констанца. Друг 58-годишен маж има изгореници на речиси шест проценти од телото.

Шест лица, меѓу кои и една жена, имаат изгореници на рацете и вдишале чад. Тие примиле кислородна терапија, а три од нив одбиле хоспитализација.

Четири деца, на возраст меѓу 10 и 17 години, вдишале чад и се хоспитализирани на набљудување.

Градското собрание на Констанца објави дека вкупно 157 лица се евакуирани поради пожарот во станбената зграда.

На местото на настанот испратени се многубројни екипи од Противпожарната служба, Мобилната служба за итни случаи и Инспекторатот за итни случаи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

(ВИДЕО) Несекојдневна глетка во Романија – авион заглави под надвозник

А1он

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он