Кривичен суд: Една казна за Груевски e застарена, две пресуди остануваат активни

Од:

Скопскиот Кривичен суд излезе со информации во врска со предметите поврзани со поранешниот премиер Никола Груевски. Од Кривичен соопштуваат дека против осудениот Груевски во моментов активни се две потерници за извршување на санкции.

По пресуди познати како:

-„Насилство во Центар“, со пресуда К.бр. 1904/16, за која е оформен предмет за извршување на затворска казна КУИКП 1094/21, во траење од 1 година и 6 месеци, чие извршување застарува на 10.09.2027 година; како и предметот познат како и предметот познат како „Плацеви на Водно“, со пресуда КОК 63/21, за кој е оформен предмет за извршување на затворска казна КУИКП 732/23, со единствена казна затвор од 9 години, чие извршување застарува на 14.02.2043 година.

Со оглед дека за истиот предмет е изречена и парична казна која не е наплатена, истата е заменета со казна затвор во траење од 180 дена, чие извршување застарува на 14.02.2027 година.

Во однос на предметот познат како „Тенк“, со пресуда КОК 59/17, за кој е оформен предмет за извршување на казна затвор во траење од 2 години (КУИКП 1807/18), ја известуваме јавноста дека извршувањето на казната е застарено на 16.10.2024 година, поради исполнување на роковите утврдени со Кривичниот законик. Имено со оваа пресуда Н.Г. е огласен за виновен за сторено кривично дело Примање награда за против законито влијание од чл. 359 ст.2 од КЗ и осуден на казна затвор во траење од 2 години, која пресуда е правосилна од 4.10.2018 година. Апсолутна застареност за извршување на оваа пресуда согласно одредбите од чл. 109 и чл. 111 од КЗ, настапила на 04.10.2024 година. Поради тоа, судот по службена должност донел решение за апсолутна застареност на извршувањето на санкцијата, сопштуваат од Кривичниот суд.

Дополнително, од судот велат дека активни се и предмети во кои на Н.Г. му се суди во отсуство, со оглед дека не е достапно за органите на прогонот, и тоа предметите познати во јавноста како „Титаник“ и „Талир 2“.

Би можело да ве интересира

Министерство за правда: За Груевски досега е поднесено едно барање за екстрадиција во 2018 година

Мицкоски: Ако Груевски се појави во земјава, ќе оди во затвор

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

(ВИДЕО) Маѓар: Унгарија нема да биде засолниште на меѓународни криминалци

А1он

Намален број на поднесени приговори за „Безбеден град“, од 476 во февруари, на 65 во март

Кривичен суд ги повикува медиумите да избегнуваат сензационализам за случајот со Ивана и Катја

Катерина Ѓуровски