Полицаец од Струмица зел 500 евра „за мирно решавање тепачка“

Од:

Полицаец во ПС ОН Струмица К.Ш. е осомничен за кривично дело „злоупотреба на службена должност и овластување“ и од судија за претходна постапка му се одредени мерки на претпазливост.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава по брза постапка против К.Ш., ќе поднесе и предлог за поведување постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Кривичната пријава против К.Ш. е поднесена бидејќи тој во саботата (11 април) околу 9 часот, постапувајќи службено по пријава за нарушен јавен ред и мир со физички напад, неовластено побарал исплата на пари и дел од сумата задржал за себе.

-При вршење службени дејства, по претходно примена пријава за нарушен јавен ред и мир со физички напад, која му била задолжена за работа, ја искористил својата службена положба и овластувања така што посредувал помеѓу страните за наводно „мирно решавање’’ на настанот и неовластено побарал исплата на пари. Учесниците во нарушувањето на јавниот ред и мир со посредство на К.Ш. договориле пријавителот на оштетениот да му исплати 1.000 евра за да се откаже од пријавата, по што К.Ш. своеволно ја зголемил сумата за уште 200 евра на име наводни трошоци за постапката, соопшти МВР.

Од вкупниот износ од 1.200 евра, К.Ш. на оштетениот му исплатил само 700 евра, додека остатокот од 500 евра го задржал за себе, со што се стекнал со противправна имотна корист од 500 евра.

Би можело да ве интересира

Пијан возач удрил пешак во Охрид и побегнал

Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Двајца приведени за семејно насилство во изминатото деноноќие

Ограбена скопјанка на мостот „Гоце Делчев“, приведени двајцата разбојници

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија