Муцунски со честитки до Петер Маѓар – очекува продолжување на соработката меѓу двете земји

Од:

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски упати честитки до Петер Маѓар, лидерот на партијата Тиса, којашто победи на парламентарните избори во Унгарија.

Муцунски, во објавата на мрежата „Икс“, изрази очекување дека ќе продолжи на соработката „заснована на заедничко почитување, партнерство и споделени европски вредности“.

-Честитки за Петер Маѓар за изборниот резултат. Граѓаните на Унгарија се изјаснија и нема ништо поважно од демократската волја на народот. Ги вреднуваме силните билатерални односи градени со години, и со нетрпение очекуваме продолжување на нашата соработка заснована на заедничко почитување, партнерство и споделени европски вредности, напиша Муцунски на „Икс“.

Во Унгарија вчера се одржаа парламентарни избори на кои изгуби владејачката Фидес на премиерот Виктор Орбан по 16 години на власт, а на кои победи новоформираната опозициска партија Тиса на Петер Маѓар.

Со обработени 97 проценти од гласовите, Тиса освои 138 места во унгарскиот Парламент, додека Фидес има само 55 (шест места ќе освои десничарската партија Ми Хазанк). Тиса ќе има неколку пратенички места повеќе од потребното за двотретинско мнозинство, со кое ќе може да смени голем број функционери во судството и регулаторните тела.

Би можело да ве интересира

Муцунски на средба со Кос: Владата целосно посветена на напредок во интегративниот процес

А1он

Муцунски: Во услови на засилени безбедносни и геополитички предизвици владите мора брзо да се приспособуваат и да дејствуваат заеднички

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски

Сите Македонци кои побарале, треба да бидат евакуирани од Блискот Исток оваа недела

Катерина Ѓуровски

Евакуација на македонски државјани и утре од Емирати, се очекува и чартер со наши граѓани од Бахреин, Катар и Кувајт

Муцунски ги пречека патниците од Дубаи: Најбитна е безбедноста на граѓаните!

А1он