Не им веруваме на Американците, порача еден од клучните ирански преговарачи

Од:

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, ја даде својата прва официјална изјава по завршувањето на разговорите во Исламабад. Во серија објави на социјалната мрежа X, тој рече дека другата страна не успеала да ја добие довербата на иранската делегација.

Галибаф рече дека ја изнел јасно позицијата на Иран уште пред почетокот на разговорите. „Пред да започнат разговорите, нагласив дека имаме потребна добра волја и намера, но дека поради искуствата од двете претходни војни, не ѝ веруваме на другата страна“, напиша тој.

„Другата страна на крајот не успеа да ја добие довербата на иранската делегација во оваа рунда разговори“, додаде Галибаф.

На крајот, тој им се заблагодари на домаќините. „Благодарен сум за напорите на нашата пријателска и братска земја, Пакистан, која го олесни процесот на овие преговори и им испраќам поздрави на народот на Пакистан“, заклучи тој.

Би можело да ве интересира

Тензиите растат: Иран порача дека нема да ja шири војната, Трамп се закани со жесток удар

Горан Наумовски

Украина во последен момент се спаси од ирански напад

Израел: Иран и натаму крие центрифуги, нуклеарната програма не е целосно уништена

Горан Наумовски

Иран погуби двајца мажи кои беа обвинети за шпионажа

Саудиска Арабија спречи нова ескалација меѓу САД и Иран

Нови тензии покрај брегот на Оман