На Граничниот премин „Богородица“ од вчера напладе до денеска напладне излез од државава оствариле 6864 македонски граѓани, а излез 1394. Во истиот период регистриран е влез во државава на 4.753 странски државјани и излез на 5070, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Преку ГП „Табановце“ од 12:00 часот вчера до 12 часот денеска е регистриран излез на 9150 македонски државјани, а влез на 3158 . Што се однесува до странските државјани во истиот период влез во нашата држава оствариле 7360 а ја напуштиле нашата држава 5449 лица.
Во истиот период преку ГП „Дојран“ излегле 546 македонски државјани, а влегле 241.Влегле и 1212 странски државјани, а излегле 1114. Преминот „Меџитлија“ во тој период за излез го искористиле 831 макеоднски државјани, а за излез 129. Преку тој граничен премин во државава влегле 3347 странски држајни, а излегле 3038.
Од денеска започна целосната имплементација на системот за влез во Европската Унија со што на надворешните граници на ЕУ се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјани кои патуваат за краткорочен престој, а се од држави кои не се членки на ЕУ.
Од МВР велат дека и преземаат сите потребни мерки и активности и оти ставени се во функција сите расположливи материјално-технички и човечки ресурси, со цел обезбедување брз и непречен проток на патници на нашите гранични премини.
Со воведувањето на овој систем, влезовите и излезите се евидентираат електронски, а системот ќе овозможи обработка на основни биометриски податоци (отпечатоци од прсти и фотографија), со цел побрза идентификација и поефикасно следење на дозволениот престој согласно правилото „90 дена во период од 180 дена“ со што времето на задржување на граничните премини за влез во ЕУ би се зголемило.
