Аун: Прекинот на огнот е единственото решение што води кон преговори со Израел

Од:

Либанскиот претседател Џозеф Аун изјави дека единственото решение за ситуацијата со која се соочува Либан е прекин на огнот со Израел што би довело до директни разговори меѓу двете земји, соопшти неговиот кабинет.

Аун рече дека предлогот на Либан за прекин на огнот и разговорите почнува да добива позитивни реакции во меѓународните кругови, објави „Тајмс оф Израел“.

Тој додаде дека Либан продолжува да води меѓународни разговори за ова прашање.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека им наложил на дипломатите што е можно поскоро да започнат директни разговори со Бејрут.

Израелски функционер изјави за „Тајмс оф Израел“ дека разговорите со Либан ќе се одржат без почетен прекин на огнот.

Американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор го замоли Нетанјаху да го намали интензитетот на нападите на Израел врз Либан за да се обезбеди успех на преговорите со Иран, изјави денес висок функционер на американската администрација за „Ен-Би-Си њуз“.

Би можело да ве интересира

Ајзенкот го обвини Нетанјаху за поттикнување кампања против арапските граѓани на Израел

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште е можна

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

„Џерузалем пост“: Арапските партии ја поддржаа опозицијата по изборите

Нетанјаху ја губи поддршката од долгогодишните сојузници, патот до мандат се отвора за Ајзенкот