Иран ќе дозволи до 15 бродови дневно да поминуваат низ Ормутскиот теснец

Од:

Иран нема да дозволи повеќе од 15 бродови да поминат низ Ормутскиот теснец во еден ден, како дел од двонеделниот договор за прекин на огнот со САД, објави денес новинската агенција ТАС, повикувајќи се на неименуван висок ирански функционер.

Ормутскиот теснец, низ кој минува околу една петтина од светската нафта и гас, е практично блокиран по американските напади врз Иран, што предизвика нагло зголемување на цените на енергијата на глобалниот пазар, по што Техеран објави можност за наплата за бродовите што минуваат низ него.

Морскиот премин е широк 34 километри и е премин помеѓу иранското копно и Оман.

Би можело да ве интересира

Хамнеи: Иран продолжува да управува со Ормутскиот теснец

Пезешкијан пристигна во Москва, утре ќе се сретне со Путин

А1он

Нетанјаху и командантот на ИДФ во судир околу операцијата против Иран

CNN: Армијата се подготвува за нов напад врз Иран

Трамп се изјасни: Кратко и јасно

Техеран прати закана до Трамп: Ако нè уништите, и други земји ќе ја платат цената