Арагчи: САД стојат пред избор – примирје или ескалација

Од:

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, изјави дека условите на примирјето меѓу САД и Иран се јасни и дека Вашингтон мора да донесе одлука дали ќе се придржува кон договорот или ќе продолжи со воените активности преку Израел.

„Условите меѓу Иран и САД се јасни и експлицитни. САД мора да изберат – или прекин на огнот или продолжување на војната преку Израел. Не можат да ги имаат и двете“, напиша Арагчи на својот профил на Икс.

Тој нагласи дека меѓународната заедница внимателно ја следи ситуацијата, особено по најновите напади во Либан, каде, како што тврди, „целиот свет ги гледа масакрите“. Според него, одговорноста сега е на американската страна.

„Топката е во дворот на Америка, а светот гледа дали ќе се држат до своите обврски“, изјави Арагчи.

Претходно, Техеран прогласи „историска и разорна победа“ по 40-дневниот конфликт, наведувајќи дека Вашингтон бил принуден да прифати ирански предлог кој предвидува прекин на огнот, укинување на санкциите и повлекување на американските сили од регионот.

И покрај формалниот прекин на огнот, ситуацијата на теренот останува тензична. Израелските сили, според ирански извори, извршиле серија интензивни напади врз цели во Либан, при што биле погодени околу 100 цели во рок од само 10 минути.

Развојот на настаните повторно ги зголемува стравувањата од поширока регионална ескалација, додека дипломатските напори за стабилизација остануваат неизвесни.

Би можело да ве интересира

Израел: Убивме клучен терорист – дејствуваше под маската на новинар на Ал Џезира

Врховниот лидер на Иран прогласи победа над Америка

Горан Наумовски

Иран: САД мора да изберат дали сакаат војна или мир

Пезешкијан: Иран ќе одговори решително на нападите и кршењето на примирјето

Кнутов: Ракетната моќ на Иран ги принуди САД на прекин на огнот

Нетанјаху: Ќе продолжиме да го напаѓаме Хезболах каде што е потребно