Ацо Ристов е избран за нов претседател на Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ)

Од:

Собранието на Република Македонија со 68 гласа „за“ попладнево го избра Ацо Ристов за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Ристов доаѓа на позицијата на Марко Бислимоски, кој поднесе оставка во февруари годинава.

Ацо Ристов е дипломиран електроинженер со три децениско искуство во секторите енергетика, хидроенергија и инфраструктурни системи. Во неговата богата биографија се наведува дека е експерт за управување со комплексни проекти како хидроелектрани и пречистителни станици. Ристов е член на Комората на овластени архитекти и инженери со највисоки овластувања за проектирање и надзор.

Од владејачкото мнозинство потенцираа дека станува збор за исклучително квалитетен кадар кој ги исполнува сите законски услови и поседува општествен авторитет потребен за водење на едно вакво независно тело.

Би можело да ве интересира

Ацо Ристов предлог за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика

Левица: Бараме укинување на Регулаторната комисија за енергетика

РКЕ: За трговија и снабдување со струја ќе треба гаранција од 100.000 евра

Бислимоски: Нема да дозволам да биде извалкано моето име

Горан Наумовски

РКЕ: Во постапката за одземање на лиценца на Тритерол Петрол е постапено согласно Законот за енергетика и Правилникот за лиценци

(ВИДЕО) Левица: Власта одби да ѝ даде ингеренции на министерката за енергетика – не помина законот за укинување на РКЕ