Русија: Неиспровоцираниот напад претрпе тежок пораз

Од:

Русија изјави дека пристапот кон „едностран, агресивен, неиспровоциран напад“ против Иран претрпе „тежок пораз“ откако американскиот претседател Доналд Трамп објави двонеделно примирје меѓу Вашингтон и Техеран, објави Анадолу.

– Сите изјави за тоа дека се биде поагресивен, поофанзивен, дека се пишува повеќе на социјалните медиуми и дека „победата“ наводно е веднаш зад аголот, повторно претрпеа тежок пораз. Истото важи и за пристапот кон таков едностран, агресивен, неиспровоциран напад, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, во интервју за радио „Спутник“.

Захарова истакна дека Русија од самиот почеток инсистирала дека „агресијата“ против Иран мора веднаш да се запре и дека мора да се започне со „вистинско политичко и дипломатско решение“, и дека нема воено решение за ситуацијата.

Трамп објави дека се согласил да „го суспендира бомбардирањето и нападот врз Иран за период од две недели“. Регионалните тензии ескалираа откако САД и Израел започнаа заедничка офанзива против Иран на 28 февруари.

Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети врз Израел, како и врз Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив каде што се стационирани американските воени сили. Исто така, го ограничи и превозот низ Ормутскиот теснец.

Би можело да ве интересира

Русија тестираше ласер за неутрализирање на дронови

Предраг Петровиќ

WSJ: Лобист на „Актор“ ја придружувал амбасадорката на САД на состаноци низ Балканот, Гилфојл ја промовирала компанијата

(ВИДЕО) Силна бура зафати делови на САД: откажани стотици летови, илјадници без струја

ВИДЕО: Трамп го одби планот, Иран повикува на дипломатија

(ВИДЕО) На работ на пропаст: Нема храна, вода ни лекови, луѓето од очај јадат трева

Колапс на системот: Кина итно побара од САД да престанат