Објавени детали од преговорите меѓу САД и Иран, се предвидува итно примирје

Од:

Во обид за брза деескалација на конфликтот, САД и Иран разгледуваат иницијатива за итен прекин на огнот што би овозможил повторно отворање на Ормускиот Теснец, објави Ројтерс повикувајќи се на извор запознаен со преговорите.

Според информациите, Пакистан изготвил рамка за прекин на непријателствата, која предвидува двостепен пристап – моментален прекин на огнот и последователен сеопфатен договор. Планот веќе бил споделен со двете страни, а разговорите се водат преку Пакистан како главен посредник.

Првичниот договор би бил формализиран како меморандум за разбирање, кој би стапил во сила веднаш, со што би се деблокирал Ормускиот Теснец – клучна рута за глобалниот енергетски транспорт. Во рок од 15 до 20 дена би требало да се финализира поширок договор, неформално наречен „Договор од Исламабад“.

Паралелно, американскиот портал „Аксиос“ објави дека се разгледува и опција за 45-дневен прекин на огнот како дел од поширок договор што би можел да доведе до траен мир.

Изворите наведуваат дека началникот на пакистанската армија, Асим Мунир, бил во постојан контакт со високи американски претставници и со шефот на иранската дипломатија Абас Аракчи.

И покрај напредокот во посредувањето, засега нема официјална потврда од Вашингтон и Техеран. Иран, според изјави за Ројтерс, инсистира на траен прекин на огнот со гаранции дека нема повторно да биде нападнат, како и на олеснување на санкциите и ослободување на замрзнатите средства во замена за откажување од нуклеарни амбиции.

Од друга страна, дипломатски извори велат дека Техеран сè уште не дал конечен одговор на предложените услови, и покрај засилените напори на посредниците, меѓу кои се и Турција, Египет и Кина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тајната операција за спасување на пилотот во Иран била на работ на пропаст

Катерина Ѓуровски

Иран потврди дека го разгледува мировниот план

Катерина Ѓуровски

Иран: Ормутскиот теснец не е затворен за сите

ВИДЕО: „Пореметен лудак“, реакции од САД на пцуењето и заканите на Трамп кон Иран

Иран и медијаторите разговараат за 45-дневно примирје, објави Axios

ВИДЕО: Иран одговори на заканите на Трамп