(ВИДЕО) Иранците уништија станбена зграда во Хаифа, има повредени, луѓе се уште се закопани под урнатините

Од:

Најмалку четири лица се повредени, а уште најмалку три се бараат под урнатините откако иранска балистичка ракета погоди станбена зграда во Хаифа, северен Израел, соопштија медицински претставници.

Израелската служба за итна медицинска помош „Маген Давид Адом“ соопшти дека лекува 82-годишен маж кој бил сериозно повреден од паѓање на тежок предмет, како и уште тројца со полесни повреди од експлозијата и шрапнелите, објави „Тајмс оф Израел“.

Уште четири лица се лекуваат од акутна анксиозност, додаде МДА. Исто така, соопшти дека се бараат уште три лица под урнатините.

Пожарникарите предупредуваат дека станбена зграда во Хаифа, која беше директно погодена од иранска балистичка ракета, е во опасност од уривање.

Службата за противпожарна и спасувачка служба соопшти дека на местото на нападот избувнал пожар и дека спроведуваат пребарување во тешки услови поради можноста да бидат закопани луѓе.

Би можело да ве интересира

Иран и САД сè уште не постигнаа договор, но разликите се намалија

Рубио: Потребен е „План Б“ ако Иран не го отвори Ормутскиот теснец

Републиканците го блокираа гласањето за Трамп и Иран во последен момент

Ердоган го поддржува продолжувањето на примирјето меѓу САД и Иран

Иран и САД постигнаа договор – нацртот е готов, ќе биде објавен за неколку часа

Трамп со драматично тврдења: „Ќе го земеме и ќе го уништиме“