ИДФ: Еден војник убиен, друг тешко повреден во пријателски оган во јужен Либан

Од:

Војник на Израелските одбранбени сили (ИДФ) е убиен, а друг е сериозно повреден во „пријателски оган“ во јужен Либан, соопшти денес ИДФ.

Војникот кој загина е идентификуван како наредник прва класа Гај Лудар, 21, член на единицата Маглан, објави „Тајмс оф Израел“.

Инцидентот се случил за време на операција во селото Шеба, во јужен Либан.

Единицата Маглан извршила рација во Шеба за да го фати осомничениот за кој се тврди дека ѝ помагал на либанската милитантна група Хезболах.

Според прелиминарната истрага на ИДФ, за време на операцијата, еден војник мислел дека ги идентификувал осомничените кои се обидувале да избегаат и отворил оган.

Во престрелката, Лудар е убиен, а друг војник е сериозно повреден.

Според израелскиот портал, мисијата е завршена, а осомничениот е префрлен во Израел на испрашување.

Би можело да ве интересира

Трамп: Да не бев претседател, Иран ќе го уништеше Израел

Иран: Нетанјаху избега од Израел

Горан Наумовски

„Њујорк Тајмс“: Иран наводно планира напад врз Тел Авив во случај на понатамошна ескалација

Израелците се загрижени: Иран се обновува многу брзо по повеќе од 20.000 воздушни напади

Салам: Враќањето на животот на југот од Либан е национална цел

Израелски извор тврди: Врховниот верски водач на Иран не е во земјата