Полициски службеници го уапсија Р.Ј. (71) од Свети Николе.
Како што се наведува во полицискиот билтен, тој е уапсен поради постапување по претходна пријава од 40-годишна жена од Свети Николе дека во дворно место од куќа, во која живее пријавителката, пријавениот го покажувал неговиот полов орган на нејзиниот малолетен син и неговите другари.
За настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
