Автобус во Скопје возел деца со неисправни сопирачки – наместо 48, имало 85 патници

Од:

МВР информира дека денеска во 07:45 часот на булевар „Борис Трајковски“ во Скопје од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи извршена е контрола на автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на правен субјект од Скопје, со кој се врши јавен превоз на патници (организиран превоз на деца), при што е констатирано дека во истиот се превезуваат 85 патника, додека дозволено по сообраќајна дозвола е максимум 48 патника, односно возачот Ј.Д. (63) од Скопје, превезувал со автобусот 37 патника (деца) повеќе од дозволеното.

Над возилото извршен е и вонреден технички преглед во овластена станица за технички преглед од страна на стручни лица, при што е утврдена техничка неисправност на возилото, односно неисправност на уредите за сопирање (сила на кочење на работна кочница и помошна кочница) и уредите што овозможуваат нормална видливост (скршено ветробранско стакло).

Против правниот субјект, одговорно лице во правното лице и возачот Ј.Д. (63) од Скопје се преземени соодветни мерки и ќе се соочат со законски предвидените санкции, додека возилото е исклучено од сообраќај се до отстранување на недостатоците.

Би можело да ве интересира

ЕУ ги отфрли сите предлози на превозниците од Западен Балкан, можни се нови блокади, пренесува Вијести

Состанок ЕУ-Западен Балкан за решавање на проболмот на превозниците

Николоски: Брисел ги прифати барањата на македонската влада, возачите се прифатени како професионалци

Каминоските превозници и натаму ги блокират граничните премини

Катерина Ѓуровски

Мицкоски побарал телефонски разговор со Фон дер Лајен за проблемот на превозниците

Милошоски до кипарскиот амбасадор: Прашањето со превозниците да стигне до институциите на ЕУ