Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија наводно сака Украина да ги повлече своите сили од Донбас во рок од два месеци, тврдејќи дека по тоа војната би можела да заврши, дознава Укринформ.
– Русија сега ѝ поставува нови услови на американската страна, наведувајќи дека ќе го окупира источниот дел од нашата земја за два месеци, поточно Донбас, и дека Украина има тој рок да се повлече. Доколку Украина не се повлече, Русија планира понатамошни окупации и нови услови, рече Зеленски.
Украинскиот претседател нагласи дека, според него, вистинската цел на Русија не е само Донбас, туку пошироки планови скриени зад ултиматумот.
Тој додаде дека руската страна добро разбира дека нема да може да го окупира регионот во предвидениот рок, поради што прибегнува кон притисок врз своите партнери.
Тој, исто така, нагласи дека Украина е подготвена за компромис и прекин на огнот на позициите што ги држи, како дел од дипломатскиот пристап.
Зеленски изрази сомневање дека Русија планира општа мобилизација во блиска иднина, иако немаше целосни информации за ова прашање.
